Тренерот на Кардиф ќе присуствува на погребот на Сала во Аргентина

Менаџерот на Кардиф сити, Нил Ворнок, и извршниот директор на клубот, Кен Чо, ќе присуствуваат на утрешниот погреб на Емилијано Сала во градот Прогресо во провинцијата Санта Фе во Аргентина.

Сала загина во авионска несреќа патувајќи кон Кардиф, каде што требаше да му се приклучи на својот нов тим, кој за него плати 15 милиони фунти, што е клупски рекорд.

Денеска телото на Сала ќе биде пренесено во неговата родна Аргентина, а погребот е закажан за сабота. Емилијано Сала сезонава играше за Нант во француската лига и беше еден од подобрите стрелци, па за него почнаа да се интересираат побогати клубови од посилни лиги. Но, на 21-ви јануари неговиот спортски и животен пат беше прекинат на трагичен начин.

- Оглас -

Најнови вести