Тренерот на Леганес го доби најбизарниот црвен картон во ерата на корона-вирусот

Леганес знаеше дека е речиси без шанси да направи изненадување на гостувањето кај Барселона, па на крајот победата од 2:0 на каталонскиот гигант воопшто не е изненадување. Гостите имаа забелешки на судењето затоа што сметаа дека вториот погодок на Меси бил постигнат од престрого досуден пенал.

Тренерот на Леганес, Хавиер Агире, како да сакаше порано да заврши мечот, па во судиското надополнување го имитираше звукот на судиското свирче сакајќи порано да отсвири крај на мечот. Гостинскиот стратег тоа го направи неколку пати, а судијата Хуан Мартинез Мунуера прво го опомена Агире, а откако тренерот на Леганес продолжи со свирењето, мораше да биде исклучен.

Агире доби црвен картон поради имитирање на судиско свирче, што сигурно е најбизарното исклучување во ерата на корона-вирусот.

 

- Оглас -

Најнови вести