Ливерпул победнички стартуваше во Лигата на шампионите откако со 3:1 го победи Милан на „Сан Сиро“. Англискиот гигант сега е пред нов предизвик во елитната лига на УЕФА, а против себе ќе има уште еден италијански калчолигаш, Болоња.
Дуелот се игра на „Енфилд роуд“, каде што Ливерпул победувал и многу посилни ривали од Болоња, но тренерот на Црвените, Арне Слот, сака да биде претпазлив.
„Секој меч во Лигата на шампионите го очекуваме со нетрпение, посебно кога се игра на Енфилд. Имаме квалитетен тим, но треба да бидеме претпазливи. Болоња се покажа како опасен ривал. Многу е тешко да се игра против екипа која е агресивна на секој дел од теренот. Кога е Лига на шампиони, никогаш не смее да се потцени италијански противник“, вели Слот.
Болоња во првото коло од ЛШ на свој терен ремизираше против Шахтар, а овој калчолигаш има само еден пораз сезонава.