Тренерот на Њукасл лут зошто судијата продолжи осум минути, а Карагер веднаш возврати: Тоа е карма затоа што го „задржуваа“ времето

Ливерпул со 2:1 го победи Њукасл во меч на кој домаќините на „Енфилд роуд“ беа во негатива од 0:1 по првото полувреме. Дека е тим со шампионски амбиции, избраниците на Јирген Клоп покажаа со играта во второто полувреме, кога постојано напаѓаа, а на крајот тоа им се исплатеше и направија пресврт.

Најпрво Фирмино погоди за 1:1 во 61-вата минута, а драмата беше во судиското надополнување, кога Ливерпул стигна до 2:1. Главниот судија покажа пет минути дополнително време, но и во тие пет минути имаше некои прекини, па откако поминаа тие пет минути, арбитерот одлучи да продолжи уште дополнителни две минути. Во 97-мата минута беше досуден корнер за Ливерпул, а веќе започна да тече и осумата минута од надополнувањето, кога Карвалјо погоди за 2:1.

Сите во гостинскиот табор се бунеа зошто судијата не отсвири крај пред да биде изведен тој корнер, а легендарниот играч на Ливерпул, а сега коментатор и аналитичар за случувањата во англиското првенство, Џејми Карагер, имаше објаснување.

„Тоа е карма за целото потрошено време“, напиша Карагер, потенцирајќи дека гостите постојано го задржувале времето и не дозволувале активна игра.

https://twitter.com/i/status/1565081662999990272

- Оглас -

Најнови вести