Тренерот на ПСЖ го најде виновникот за повредата на Нејмар, но изгледа дека не ја знае добро историјата

Тренерот на Пари Сен Жермен, Кристоф Галтие, го најде виновникот за повредата на Нејмар. Според стратегот на францускиот првак, Нејмар се повредил поради пренатрупаниот распоред што го има тимот и многуте одиграни тешки мечеви во краток период.

На мечот против Лил, Нејмар го истегна лигаментот на ногата, а првичните информации покажаа дека нема скршеница. Сепак, денеска треба да се направат дополнителни прегледи за да се утврди колку точно ќе паузира Бразилецот.

„Ова не е несреќа. Секогаш постои причина за повредата, а овојпат тоа е распоредот, односно низата мечеви кои ги имавме“, рече Галтие.

Повредата на Нејмар доаѓа во незгоден момент затоа што ПСЖ треба да игра реванш против Баерн Минхен во осминафиналето на ЛШ, а и трката за титулата во Франција уште не е решена.

Галтие го обвини распоредот за повредата на Нејмар, но оние кои внимателно го следат Бразилецот, забележуваат како тој секоја година се повредува во февруари или на почетокот на март, кога всушност е и роденденот на неговата сестра Рафаела. Во последните десетина години, Нејмар речиси нема пропуштено ниту еден роденден на неговата сестра и секогаш е во Бразил да може лично да ѝ честита и да биде дел од забавите кои ги прават.

 

- Оглас -

Најнови вести