11.8 C
Skopje
сабота, 18 октомври 2025

Тренерот на ПСЖ потврди дека се започнати преговори со Меси за нов договор

Тренерот на францускиот шампион ПСЖ, Кристоф Галтие, денеска потврди дека управата на Светците преговара со Лионел Меси за продолжување на соработката.

Договорот на аргентинскиот репрезентативец со ПСЖ истекува на крајот од сезоната, а Меси пред неколку месеци најави дека по завршување на Светското првенство во Катар, ќе објави каде ќе ја продолжи кариерата.

„Челниците на клубот преговараат со Меси, но не знам ништо повеќе од тоа. Знам само дека Лео е среќен во Париз“, изјави Галтие за француските медиуми.

Дел од медиумите објавија дека Меси ќе потпише едногодишен договор со ПСЖ, со опција тој да биде продолжен за уште една година и наводно платата ќе му изнесува 40 милиони евра без бонуси.

- Оглас -

Најнови вести