Тренерот на Ристовски само со 13 меча го има третиот најскап трансфер во историјата

Спортинг Лисабон се одлучи да преземе голем ризик и плати неверојатни 10 милиони евра отштета за да го донесе талентираниот тренер Рубен Аморим на клупата.

Првиот меч како шеф на стручниот штаб на Лавовите од Лисабон му беше делумно успешен, со реми 2:2 против Гимараиш, но во иднина 35-годишниот тренер ќе мора да покаже многу повеќе.

Интересно е што Аморим за првпат стана прволигашки тренер лани во декември, кога доби шанса во Брага и потполно ја искористи. Го водеше третопласираниот португалски клуб на 13 меча со ефект од 10 победи, едно реми и два порази и на 4 март годинава за отштета од 10 милиони евра се пресели во Спортинг, каде што игра нашиот репрезентативец Стефан Ристовски.

Пред Аморим, според висината на отштетата што клуб ја платил за тренер, има само двајца стратези. На чело на листата е сонародникот на Рубен, Андре Вилаш-Боаш, за кого Челзи му плати на Порто 15 милиони евра оштета, и Брендан Роџерс, кога Селтик инкасираше 12 милиони евра за да му дозволи да замине во Лестер.

 

- Оглас -

Најнови вести