Тренерот на Шахтар е Хрват кој во минатото играл за Реал Мадрид, и тоа под лажно име!

Утрешниот меч помеѓу Реал Мадрид и Шахтар од Лигата на шампионите, ќе има посебна тежина за гостинскиот тренер Игор Јовичевиќ, кој како млад играч, четири години бил во Кралскиот клуб, а во прво време го криел вистинскиот идентитет.

Хрватот Јовичевиќ во 1991 година пристигнал во Реал како 17-годишен голем талент од Динамо Загреб и во првиот месец „се викал“ Ѓуро Зировец, сите го викале Ѓуро, додека новинарите не откриле дека всушност името и презимето му е Игор Јовичевиќ.

Велеле дека е наследник на Бобан и Просинечки, но не ги исполни очекувањата, никогаш не заигра на официјален меч за првиот тим на Реал, туку четири години мина во Кастилја, или Реал Мадрид Б, како што го нарекуваат овој тим. Си замина во 1995, а сега ќе гостува кај Реал како тренер на украинскиот Шахтар.

- Оглас -

Најнови вести