Тренерот на Шефилд е лут на образложението зошто технологијата на гол-линија за првпат затаи по 9.000 меча

По пауза од повеќе од три месеци, синоќа со дуелот меѓу Астон вила и Шефилд јунајтед продолжија возбудувањата во англиската Премиер лига. Мечот заврши 0:0, но се случи превид, а оштетени беа гостинските играчи.

Во 42-рата минута Шефилд успеа да даде гол, но судиите тоа не го забележаа, а не реагираше ниту технологијата на гол-линија. Топката со цел обем влезе во голот, но технологијата за првпат затаи. Луѓето задолжени за оваа технологија објаснија зошто за првпат се случи еден ваков превид.

„Судијата не доби сигнал дека топката ја поминала гол-линијата, нешто што првпат се случува. Ова го немавме видено во 9.000 натпревари. Сите седум камери кои ја покриваат гол-линијата беа покриени од голманот, фудбалерите и конструкцијата на голот. Им се извинуваме на Премиер лигата и на оштетениот клуб“, стои во објаснувањето.

Тренерот на Шефилд, Крис Вилдер, беше лут зошто судиите не одлучиле да побараат помош од ВАР-технологијата, кога веќе било јасно дека се работи за затајување на технологијата.

„Тоа беше неверојатна грешка. Судијата не успеа да забележи дека е гол, а ни камерите тоа не го регистрираа. Разочарани сме затоа што во најнајпредната лига во светот успеа да се случи ваков пропуст“, вели Вилдер.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести