Италијанскиот тенисер Јаник Синер утрово се радуваше на тиутлата освоена на Мастерс турнирот во Синсинати, а неколку часа подоцна се најде на „тапет“ поради аферата со користење допинг. Меѓународната тениска агенција за интегритет (ИТИА) соопшти дека моментално најдобриот тенисер во светот според АТП-листата, Јаник Синер, двапати бил позитивен на недозволената супстанца клостебол, и тоа било во март оваа година.
Според првите информации, Синер нема да биде суспендиран, туку само ќе му бидат одземени 400 поени, а ќе мора да го врати и наградниот фонд кој го заработи на Индијана Велс.
По целиот скандал, со реакција прв се јави тренерот на Синер, Дарен Кејхил, кој целосно застана во одбрана на тенисерот.
„Никогаш не би направил такво нешто намерно. Тоа беше само една несреќна ситуација. Вистината излезе на виделина. Без грешка, без местенки. Се надевам дека и Јаник ќе може целиот овој проблем да го остави зад себе и да биде уште подобар“, вели тренерот на Синер, Кејхил.