Кохфелт: Баерн доби бонус пенал, но и заслужено победи

Флоријан Кохфелт вели дека непостоечкиот пенал за Баерн во 80-тата минута од полуфиналниот дуел со неговиот тим Вердер бил решавачки за исходот и за победата на Баварците од 3-2, но на интересен начин ја објаснува ситуацијата.

„Брутална за нас беше одлуката на судијата да досуди непостоечки пенал за Баерн во 80-тата минута. Но, морам да признаам дека гостите заслужија да победат и велам дека е глупост да се говори за некаков Баерн-бонус“, изјави тренерот на Вердер.

Гебреселасие и Коман беа во дуел во 16-никот на Вердер во 80-тата минута, а по падот на играчот на Баерн, се чини дека судијата Зиберт престрого досуди пенал за Баварците при резултат 2-2.

Левандовски погоди, Баерн победи со 3-2 и ќе игра финале со Лајпциг за пехарот во Германскиот куп на 25-ти мај во Берлин.

- Оглас -

Најнови вести