Тренерот на Викторија Плзен, во 2007 сакал да го купи Модриќ

Реал Мадрид и Викторија Плзен вечерва од 21 часот играат меч од Лигата на шампионите, а ова ќе биде прилика за Павел Врба да се сретне со неговиот омилен играч Лука Модриќ. Фудбалерот годинава стана најдобар играч на светот, а Врба се присетува дека за малку ќе имал прилика да го тренира.

Врба е тренер кој уште пред 11 години, кога седеше на клупата на словачкиот клуб Жилина, после еден пријателски меч со Динамо Загреб во Риека, почувствувал дека од ситниот и млад Лука, може да испадне играчиште.

„Многу ми се допадна младото момче кое играше во последните 20 минути. Делува како мало дете, ситен е, но има неверојатен талент“ – изјави Врба во 2007 година.

Тој побарал од управата на Жилина да го купи Модриќ, но Динамо барал многу пари, знаејќи дека за него се интересираат и побогати клубови. Модриќ во Тотенхем прејде за 12 милиони евра.

- Оглас -

Најнови вести