Тренерот на Војводина во елемент: Знам дека навиваш за Партизан, ама нам ни носиш среќа (Видео)

Во неизвесен и драматичен меч до последната минута, Војводина со 3:2 го победи Партизан во дербито од српското првенство. Партизан на двапати имаше предност, но Војводина не само што успеа да израмни туку на крајот, со голот на Стојковиќ во 93-тата минута, успеа да стигне и до победа.

Тренерите на двата тима беа во центарот на вниманието. Предводникот на Партизан, Саво Милошевиќ, скандалозно сакаше да го погоди главниот судија со шише во глава, а потоа го оштети и микрофонот што беше покрај мечот.

За разлика од Милошевиќ, предводникот на Војводина многу пошармерски изреагира по победата. Ненад Лалатовиќ потенцираше дека ретко кој тим може да се пофали дека трипати по ред го победил Партизан, а потоа ја „закачи“ и новинарката на која ѝ рече дека иако навива за Партизан, таа ѝ носи среќа на Војводина.

- Оглас -

Најнови вести