Тренерот што го најави блесокот на Лестер ќе го спасува Ватфорд

Најџел Пирсон ќе има тешка задача да го извлече Ватфорд од дното на табелата во Премиерлигата, откако ја доби довербата на раководството на Хорнетс.

Искусниот 56-годишен менаџер доаѓа на местото на Кике Санчес Флорес, а е третиот тренер сезонава во само 15 кола што ќе го предводи тимот од клупата. Секако тука не се смета привременото решение Хајден Малинс, кој го водеше Ватфорд само на еден меч, последниот против Лестер.

Токму како менаџер на Лестер, Најџел Пирсон ги имаше најголемите успеси во тренерската кариера. Успеа во финишот на минатата декада да ги одведе лисиците во Чемпионшип лигата, а потоа во кам-бекот на клупата на Лестер успеа да го одведе клубот и до Премиерлигата.

 

- Оглас -

Најнови вести