За помошта неговиот тим да освои три бода, тренерот сега ќе паузира четири меча

Тренерот на Катанија Џузепе Рафаеле доби четири меча суспензија поради стартот врз противнички играч за време на мечот против Вибонезе во рамките од Серија Ц во Италија.

Инцидентот се случи во 91 минута. Играчот на Вибонезе успеа да освои една топка покрај аут линијата и тргна во контра напад за израмнување на 2:2. Играчите на Катанија беа далеку од топката, но блиску беше нивниот тренер Рафаеле. Стратегот инстиктивно реагираше и влезе на теренот, успевајќи да му ја шутне топката на противникот и да ја сопре контрата на гостите.

Главниот судија без многу размислување му даде црвен картон на Рафаеле, а на крајот Катанија успеа да ја задржи предноста од 2:1 и да ги освои трите бода. Необичната ситуација може да ја погледнете ТУКА. 

 

- Оглас -

Најнови вести