Тренинг центарот на Аргентина ќе се вика “Лионел Андрес Меси“

Претседателот на Фудбалската Федерација на Аргентина, Кладуио Тапиа, преку социјалните мрежи информираше дека тренинг центарот на аргентиската репрезентација ќе има ново име. “Каса де Езеиза“ заминува во историја, а новото име ќе биде “Лионел Андрес Меси“.

Ова е уште доказ за тоа колку е почитуван Меси во Аргентина, на која и го донесе трофејот од Светското првенство во Катар. Воедно, на пријателскиот натпревар против Панама, Меси го постигна својот 800-ти гол во кариерата.

Овој тренинг центар го користат сите категории на аргентинската репрезентација и веројатно новото име ќе биде само дополнителен мотив за младите фудбалери да го достигнат, но и да го надминат Лео Меси.

- Оглас -

Најнови вести