Трет пораз во женската ЛН: Фудбалерките повторно загубија, но барем постигнаа гол

Женската фудбалска репрезентација на Македонија го доживеа и третиот пораз на исто толку натпревари во Лигата на нации. Вторпат само за неколку дена нашите фудбалерки загубија од Косово, овојпат на гости во Приштина со 3-1.

Победникот на мечот беше решен уште во првото полувреме, по кое Косово веќе дојде до предност од убедливи три гола Серијата на голови ја отвори Халилај уште во седмата минута од пенал. На 2-0 зголеми Мемети во 14-тата, а 3-0 беше во 34-тата минута со голот на Биќкај.

Почесниот погодок за женската фудбалска репрезентација на Македонија беше дело на Оливера Цоклеска во 90-тата минута, што значеше само ублажување на поразот, но не е ѝ шанса да се извлече поволен резултат. За македонските фудбалерки ова е трет пораз за убедливо последно место во групата, во која во водство е Косово со седум поени, пред Бугарија со четири. До крајот од женската Лига на нации ни преостанува само уште гостувањето во Бугарија следниот месец.

- Оглас -

Најнови вести