Трета гренд слем среќа за Свијатек, прва на САД Опен

Полјакинката Ига Свијатек со 2:0 во сетови, односно 6:2, 7:6(5) ја совлада Онс Жабур во големото финале на САД Опен.

Полјакинката стигна до третиот гренд слем трофеј во својата кариера, прв на терените на „флешинг медоус“.

„Едноставно нема што да кажам, пресреќна сум и да се освои гренд слем титула е сон на секој тенисер“ изјави Свијатек.

Со оваа победа, таа инкасираше дополнителни 3.8 милиони долари, а исто толку ќе има и за победникот меѓу Каспер Руд и Карлос Алкараз кои вечерва од 22 часот ќе играат во големото финале кај мажите.

- Оглас -

Најнови вести