Трета повреда во Реал Мадрид, редот му дојде на новото засилување

Само на две и пол недели од почетокот на подготовките, Зинедин Зидан се соочува со големи проблеми со повреди на неговите играчи. Дали новиот кондициски тренер во Реал ги префорсира играчите или и лошите терени во САД придонесоа за ова, но веќе тројца фудбалери се повредија.

Младиот Брахим Дијаз беше првиот што се повреди, следуваше тешката повреда на Марко Асенсио, кому му претстои долга пауза, а сега три до четири недели во аут ќе биде и Ферлан Менди, кој има повреда на мускул во десната нога. Новиот лев бек ќе го пропушти стартот на сезоната (првиот меч е на 17 август) во која тој треба често да игра и да се ротира со Марсело. Во најдобар случај, францускиот репрезентативец официјалното деби може да го има на 24 август против Валјадолид.

 

- Оглас -

Најнови вести