Третата победа по ред со пресврт на Бразилката ѝ донесе полуфинале на „Ролан Гарос“

Бразилската тенисерка Беатрис Хаха Маија обезбеди пласман во полуфиналето на „Ролан Гарос“ откако ја совлада Тунижанката Онс Жабер во три сета, и тоа со 3:6,7:6,6:1.

Бразилката, која ќе игра во првото гранслем-полуфинале, до него дојде со пресврт, и тоа третпат по ред, со што од медиумите го доби прекарот „кралица на пресвртите“. Пред Жабер, Бразилката со пресврт славеше и во мечевите против Сорибес Тормо и Александрова.

Првиот сет ѝ припадна на фаворизираната Жабер, која направи три брејка, еден повеќе од Бразилката.

Во вториот сет немаше брејкови и мораше да се игра тај-брејк, но подобра беше Хадад Маија и славеше со 7:5.

Во третиот сет, Бразилката доминираше, трипати го одзеде сервисот на противничката и благодарение на одличниот сервис (73 отсто освоени поени на сервис), славеше со убедливи 6:1 и за првпат во кариерата ќе игра на едно гранслем-полуфинале.

- Оглас -

Најнови вести