Трети најдолг троскок на сите времиња (Видео)

Вил Клеј од САД изведе троскок во должина од 18 метри и 14 сантиметри, и тоа е трето најдобро постигнување во историјата на оваа атлетска дисциплина. Светскиот рекорд го држи легендарниот Британец Џонатан Едвардс од 1995 година во Гетеборг, и изнесува 18,29 метри.

Клеј кој има потекло од Сиера Леоне, е актуелен светски првак во троскок во сала, а неговиот резултат 18,14 метри со поволен ветер од дозволени 0,4 метри во секунда кој го изведе во Лонг Бич, е полош само од рекордот на Едвард и оние 18,21 на олимпискиот првак Кристијан Тејлор од 2015 година во Пекинг. Само шестмина поединци во историјата на троскокот успеале да ја надминат границата од 18 метри.

Штом успеа својот личен рекорд да го подобри за 25 сантиметри, Клеј покажува одлична форма и можеби во некоја наредна прилика и атак на светскиот рекорд кој 24 години не може никој да го урне.

- Оглас -

Најнови вести