Третина клубови од Серија А бараат чаре со трампа да го ангажираат Несторовски

Илија Несторовски е атрактивен за клубовите од Серија А, а дури шест калчолигаши испратиле понуди до раководството на Палермо за да го ангажираат првиот шпиц на македонската репрезентација.

И сите шест нудат играчи како трампа за да го привлечат Несторовски во нивните редови. Џенова, каде што игра Горан Пандев, го понуди 28-годишниот напаѓач Џанлука Лападула како евентуална замена за Македонецот кој би му се приклучил на својот капитен од репрезентацијата.

Најзвучното име кое се споменува како замена за Несторовски го нуди Болоња, а тоа е Матија Дестро, 27-годишен напаѓач и поранешен член на Рома.

Покрај овие два клуба, за ангажман на Несторовски се надеваат и Аталанта, Парма, Киево и Сасуоло, а речиси сите шест клуба сакаат зимова да го видат Илија во своите редови.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести