Трето коло, трета среќа за „ајфон“ на Спортска прогноза

Третото коло на Спортската прогноза е во тек, а ќе биде и трета среќа за сите прогнозери кои типуваат на интернет-страницата на Sport Life во обидот да се погодат сите 13 основни парови и да се освои прекрасниот мобилен телефон iPhone XS.

Досега имаше прогнозери со најмногу 11 погодоци во коло, што им донесе награда ваучер од 500 денари. Сепак сè уште е почеток, па за загревање и не е лошо, а очекуваме наскоро да го имаме и првиот добитник на „ајфонот“.

Третото коло има неколку исклучително интересни дерби-мечеви, а во фокусот се дуелите во Милано и во Белград.

Милан и Интер ќе ги кршат копјата за бодови, а приказната за големиот ривалитет на двата европски гиганти е позната. Играат на ист стадион со две различни имиња, во зависност која екипа е домаќин.

Или на шега, во Италија велат дека сега во сабота активен ќе биде „Сан Сиро“, бидејќи Милан е домаќин, а ќе мирува „Џузепе Меаца“, како што градскиот стадион во Милано се нарекува за мечевите кога Интер е домаќин.

Ќе биде жешко и на „ЈНА“ во Белград, на едно од најголемите дербија на светот, меѓу Партизан и Црвена ѕвезда. Оваа пресметка во недела е 161-ва по ред и со право се нарекува вечно дерби меѓу лутите ривали од Србија.

Прогнозирањето е во тек, можете лесно и едноставно да се приклучите на играта што е бесплатна и е забавна, со вредни награди што ги доделува Sport Life.

За дополнителни информации читајте Спорт Манија и бидете во тек со популарната игра и со третото коло во новата сезона на Спортска прогноза.

 

 

- Оглас -

Најнови вести