Третолигашко дерби во Германија со 37 илјади навивачи

Кајзерслаутерн има феноменални навивачи кои постојано ја покажуваат бескрајната љубов кон својот омилен клуб, а повторно блескаа и викеднов.

Со посетата од 37 илјади луѓе на дербито во Третата регионална лига на Германија им одржаа лекција на многу поголеми клубови, кои играат во повисок ранг на натпревари.

Атмосферата на дуелот со Манхајм на стадионот „Фриц Валтер“, кој е дом на Кајзерслаутерн, беше исклучителна, иако домашниот тим не успеа да го победи Манхајм и ремизираше 1:1.

Претходно навивачите собираа пари за да го спасат клубот од банкрот и успеаја со собрани над 11 милиони евра.

Популарниот ФЦК е бренд во германскиот фудбал со четири шампионски титули и два пехари во германскиот куп, но моментно живее тешки моменти во третата по ранг лига во Германија.

- Оглас -

Најнови вести