Трезеге го израдува Египет на премиерата на Африканскиот куп на нации (Видео)

Махмуд Ахмед Ибрахим Хасан, или попознат како Трезеге беше таличен за Египет со победнички гол за популарните „Фараони“ на стартот од Африканскиот куп на нации.

Со неговиот гол во 41. минута Египет го победи Зимбабве на премиерниот меч на турнирот, што ќе се игра до 19. јули за титулата континентален шампион на Африка.

Трезеге одигра одлично во финишот на првото полувреме и успеа да погоди за победа во Каиро, што им дава надеж на домаќините дека се на добар пат да бијат битка за осмата титула.

Зимбабве имаше одлична шанса пред единствениот гол на мечот, но Кама Билијат не успеа да погоди чист зицер во 38. минута.

Денеска од 16.30 часот ќе се игра и вториот меч од првото коло во А групата меѓу Демократска Република Конго и Уганда, а потоа од 19 и 22 часот ќе се играат стартните дуели и од Б групата меѓу Нигерија и Бурунди, односно Гвинеа и Мадагаскар.

 

- Оглас -

Најнови вести