Тргна низата заминувања од Барса, Ракетата официјално потпиша за Севилја!

Вчера беше најава, а денеска е веќе и официјално, Иван Ракитиќ е нов играч на Севилја. Хрватот се враќа во клубот за којшто играше од јануари 2011 до јуни 2014 година. Во претходните шест сезони беше член на Барселона. Договорот со Севилја му е до 30 јуни 2024 година.

Ракитиќ кога си замина од Севилја, тимот беше освојувач на Лигата на Европа, а и сега кога се враќа, исто така Андалузијците се шампиони во второто по квалитет клупско натпреварување во Европа.

За Барса одигра 310 меча и имаше 35 гола и 42 асистенции, а за Севилја имаше слични бројки, 32 гола и 41 асистенција, но само на 149 меча, што е половина помалку од тоа што го играше во Барселона. Севилја е родниот град на неговата сопруга Ракел и Ракитиќ никогаш не криеше дека тој град му е омилен во Шпанија и дека по завршувањето на кариерата, сака да остане таму да живее, па затоа ова му е трансфер од соништата.

- Оглас -

Најнови вести