Три англиски гиганти налето ќе менуваат тренери и го сакаат актуелниот тренер на Интер

Актуелниот тренер на Интер, Симоне Инзаги, се наоѓа на врвот на листата на желби дури на три англиски гиганти за следната сезона, објавија италијанските медиуми.

Откако минатата сезона со Интер играше во финалето на Лигата на шампионите, а сезонава сигурно чекори кон титулата во Серија А, Инзаги го сврте вниманието на гигантите од Англија кои веќе започнале да се распрашуваат за можноста налето да го ангажираат.

Според весникот „Тутоспорт“, Манчестер јунајтед, Ливерпул и Челзи сериозно се заинтересирани да го ангажираат Инзаги, а интерес пројавува и Барселона, но шпанскиот тим не може финансиски да се носи со премиерлигашот.

Ливерпул налето ќе остане без тренер бидејќи Јирген Клоп неодамна потврди дека си заминува на крајот од сезоната, Маурисио Покетино се наоѓа пред отказ во Челзи, исто како и Ерик тен Хаг во Манчестер јунајтед.

Инзаги има договор со Интер до 2025 година и заработува 5,5 милиони евра во сезона, а доколку прифати да се пресели во Премиер лигата, платата би му била двојно поголема.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести