Три години по ред се изборува за влез во Премиер лигата, но никако да заигра таму

Екипата на Шефилд јунајтед следната сезона ќе игра во Премиер лигата откако си обезбеди сигурно место на едно од првите две позиции во Шампионат лигата во Англија. Покрај Шефилд, сигурен за влез во елитата е и Норвич, додека за третото место ќе разигруваат екипите кои ќе бидат од третото до шестото место на табелата.

Неверојатна е приказната за играчот на Шефилд, Оливер Норвуд. Тоа е фудбалерот кој трета сезона по ред обезбедува влез во Премиер лигата, но никако не успева да заигра во елитното натпреварување. Некогашниот младинец на Манчестер јунајтед пред две години играше за Брајтон и му помогна на овој тим да влезе во Премиер лигата. Веднаш по завршување на сезоната, Брајтон го продаде Норвуд во Фулам.

Следната сезона и во дресот на Фулам Норвуд стигна до место кое води директно во Премиер лигата, а потоа лондонскиот тим реши да го продаде во Шефилд, со што повторно се скрати можноста тој да заигра во Премиер лигата. Сега, трета сезона по ред Оливер Норвуд се радува на влез во Премиер лигата и конечно верува дека во следната сезона ќе биде дел од елитата на англискиот фудбал.

Тој е еден од најдобрите фудбалери на Шефилд и не се очекува да си замине во летниот преоден рок.

 

- Оглас -

Најнови вести