Три кола по ред пенал против Реал, но ова не им се случува првпат (Видео)

Алавес води против Реал Мадрид со 1-0 откако по само пет минути игра даде гол од пенал, кој го реализираше Лукас Перес. Ова е дури петти пенал кој го прави Реал во последните три кола. Во клупската историја на најтрофејниот шпански клуб, само трипати му се случило во три кола по ред да му шутираат пенали. Ако и во следното коло се досуди пенал против Реал, тоа ќе биде изедначување на неславен рекорд во историјата на шпанската лига.

Пенал против Реал е речиси сигурен гол откако мрежата ја брани Тибо Куртоа. На Белгиецот откако дојде во Реал, му шутирале 16 пенали и 14 се голови.

https://twitter.com/i/status/1332779146787872772

- Оглас -

Најнови вести