Три победи по ред и ќе ги носи Торонто репторс на вечера, Рајаковиќ ќе си го исполни ветувањето (Видео)

Тренерот на Торонто репторс, Србинот Дарко Рајаковиќ, во соблекувалната еуфорично ја прослави синоќешната победа на неговиот тим над Индијана, а има и посебна причина за тоа.

За Торонто тоа беше трета победа по ред, а Рајаковиќ на своите играчи им имаше ветено дека ќе ги носи во ресторан и дека ќе плати вечера за целиот тим доколку врзат три победи по ред. Репторс нема големи шанси за директен влез во плејофот, но ако продолжи со победничката серија, може да влезе барем во плејин разигрувањето.

Рајаковиќ подоцна даде изјава дека играчите биле скромни и од него не сакале вечера со скап ресторан, туку само една пица за забава, па тој ќе треба да им купи пици.

„Мене омилена пица ми е маргарита, едноставна италијанска пица“, рече Рајаковиќ, по што го прашаа дали сака ананас во пицата, што е канадски изум, а одговори како што би одговорил секој Италијанец: „Нееееее“.

Еве како изгледаше славењето во соблекувалната на Рептилите со Рајаковиќ во главна улога:

https://twitter.com/i/status/1762549354349355198

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести