Три ракометни величини на заедничко кафе во Битола (Фото)

Еурофарм Пелистер од 17.45 часот го пречекува Татран Прешов во рамките на регионалната СЕХА лига, а тренер на словачкиот тим е Хрватот Славко Голужа, кој гостувањето во Градот на конзулите го искористи за да се сретне со своите стари пријатели и македонски ракометни легенди, Бранко Ангеловски и Иван Марковски.

Ова славно трио го искористи сончевото време за едно кафе и евоцирање на спомени од времето кога беа активни играчи.

Ангеловски и Марковски беа една полусезона заедно во Загреб, а Марковски и Голужа беа клупски колеги во Метковиќ.

Од македонските тимови, вечерва и Вардар 1961 игра во СЕХА, има гостување кај Мотор Запорожје.

- Оглас -

Најнови вести