Тричко и АЕК го натераа Партизан да менува тренер

Партизан утрово го разреши Илија Столица од функцијата тренер по вчерашната елиминација во квалификациите од Лигата на Европа. АЕК Ларнака на Иван Тричковски ги предизвика проблемите во таборот на српскиот гигант, кои пак вчера славеа пласман во плејофот среде Белград.

Веќе се споменуваат две имиња кои би можеле да го наследат Столица на жешкото столче. Саво Милошевиќ, екстренерот на Црно-белите е прва опција, стратегот кој веќе има освоено трофеј со Партизан во српскиот Куп. Алтернативата е Александар Вуковиќ, кој тренерската кариера ја градеше во Легија Варшава.

Инаку, Партизан ќе игра плејоф во квалификациите од Лигата на конференциите, го очекува двомеч со Хамрун од Малта.

- Оглас -

Најнови вести