Тричко и АЕК на мегдан со Вест хем

Ждрепката за осминафиналето во Конференциската лига донесе дуел на АЕК Ларнака, чиј капитен е Македонецот Иван Тричковски, со англискиот премиерлигаш Вест хем. Првиот меч е на Кипар на 9 март, реваншот во Лондон на 16 март.

Финалето во ова натпреварување ќе се игра во Прага. Меѓу осминафиналистите нема тим од Чешка, но тука е словачкиот Слован Братислава, па тие се можеби најмотивирани да стигнат до завршниот меч, но ќе биде многу тешко, со оглед на силната конкуренција.

Шериф Тираспол стана прв клуб од Молдавија кој се нашол во осминафинале на некое европско натпреварување, па останува да се види до каде може да стигнат.

Осминафинални двојки: АЕК Ларнака – Вест хем, Фиорентина – Сивасспор, Лацио – АЗ Алкмар, Лех – Ѓургарден, Базел – Слован, Шериф – Ница, Андерлехт – Вилјареал, Гент – Истанбул Башакшехир.

- Оглас -

Најнови вести