Тричко и АЕК немаа среќа, пенал-рулетот им припадна на Данците

АЕК Ларнака на Иван Тричковски претрпи елиминација од Митлијанд во второто квалификациско коло од Лигата на шампионите. Гостите од Данска се покажаа како подобри изведувачи на пенали, откако резултатот од 1-1 исто како во првиот меч, не одреди победник по 90, односно 120 минути игра.

Македонскиот интернационалец беше стартер, но излезе од игра токму на почетокот од дополнителните 30 минути. Неговата замена Ромо беше прецизен од белата точка, но промашија Алтман и Густаво, додека Митјиланд искористи четири од петте изведувања за пласман понатаму.

Следен противник на данскиот клуб е португалска Бенфика. Што се однесува до АЕК, кипарскиот тим ќе има уште една шанса за излез во Европа, па во третото коло од Лигата на Европа ќе се сретне со белградскиот Партизан.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести