Тричко ќе стане легенда на АЕК, најдобриот стрелец во историјата на клубот го продолжи договорот до 2022 година

Иван Тричковски е на пат да стане легенда на АЕК Ларнака, а капитенот на кипарскиот прволигаш денеска потпиша нов договор до 2022 година.

Македонскиот репрезентативец веќе се запиша во клупската книга со рекорди на АЕК бидејќи им е најдобар стрелец во европските купови со 20 голови.

Игра извонредно веќе четири сезони, а сега ќе има можност само да го збогати голгетерското салдо со новиот договор до 2022 година.

Тричковски пристигна на Кипар во редовите на АЕК во 2016 година од Легија Варшава и остави силен печат со одличните настапи во клубот од Ларнака.

Во 109 настапи постигна 69 голови и ширум ја отвори портата за нашите фудбалери во Кипар. Со него истата година во АЕК пристигна и Даниел Мојсов, играч што исто така го продолжи договорот за уште една сезона, а од неодамна имаме тројца наши интернационалци во клубот од Ларнака, каде што пристигна уште еден репрезентативец Стефан Спировски.

 

- Оглас -

Најнови вести