Тричковски даде гол, му аплаудираа сите на стадионот

Иван Тричковски постигна гол со кој го отвори резултатот на гостувањето на АЕК Ларнака кај Неа Саламис, а доби и аплаузи од присутните, не толку за убавината на голот кој го даде со глава, туку за посветата.

Тричко истрча до клупата и крена дрес со името на неодамна починатиот Николаос Теодотос, 14-годишниот син на кипарската фудбалска легенда Јоргос Теодотос. Јоргос е легенда на АЕК Ларнака и Омонија и воопшто на кипарскиот фудбал, а пред една недела му се случи трагедија и остана без својот син кој ја загуби битката со ракот.

Во стартниот состав на АЕК на гостувањето кај Неа Саламис има тројца Македонци: Тричковски, кој ја носи и капитенската лента, Даниел Мојсов и новодојдениот Стефан Спировски.

- Оглас -

Најнови вести