24.8 C
Skopje
недела, 13 јули 2025

Тричковски даде гол против Трајчевски

Македонскиот репрезентативен фудбалер, Иван Тричковски, беше стрелец на единствениот гол на средбата на која АЕК Ларнака како гостин ја совлада Докса со 1-0, во меч од кипарскиот шампионат. За Тричковски кој е капитен на АЕК, ова е 18-ти гол сезонава за кипарскиот тим. Во противничката екипа од Никозија, цел меч одигра Душко Трајчевски.

Во моментов, АЕК е петти на табелата и тоа за нив значи плејоф и разигрување за титулата, а Докса е последна ќе се бори за опстанок во плејаут лигата. Од нашинците на Кипар, таму е и Давор Здравковски, чиј тим АЕЛ Лимасол одигра 1-1 со Омонија.

- Оглас -

Најнови вести