Тричковски е главен и кога не погодува (Видео)

Иван Тричковски е главен играч на АЕК Ларнака и кога не погодува, а со одличен потег и удар што заврши во стативата беше иницијатор за победничкиот гол во големото дерби против АПОЕЛ.

Нашиот репрезентативец паузираше кусо поради повреда, но се врати навреме за дербито и му помогна на Хевел да го реши дербито против АПОЕЛ.

Во 32. минута Тричковски, кој е прв стрелец во кипарското првенство со 17 голови биеше одлично, но ја погоди стативата, а на одбиената топка натрча Хевел и погоди за победа од 1:0.

Иван играше до првата минута од судиското продолжение, кога беше заменет, а беше меѓу најдобрите поединци на дербито од 19. коло во кипарското првенство.

АЕК со 28 бода е на петтата позиција и е во зоната што води во плејофот и битката за титулата. АПОЕЛ е на третата позиција со 35 бода.

- Оглас -

Најнови вести