(Видео) Тричковски не запира, шести гол на последните четири меча за АЕК

Иван Тричковски беше поуспешен од Душко Трајчевски, повторно постигна гол во победата на АЕК Ларнака против Алки Ороклини со 2:0 во меч од кипарското првенство.

Македонскиот репрезентативец блеска, откако се врати на терен по повредата и на последните четири меча постигна шест голови.

Пет натпревари по ред не играше почнувајќи од финишот на 2018 година и на почетокот на оваа, а потоа почна рафалната стрелба.

Со хет-трик против Докса направи кам-бек во дресот на АЕК, а потоа постигна два гола против Анортозис и денеска еден во мрежата на Алки. Само со Аел во минатото коло мируваше и веќе стаса до топ-5 на листата со најдобри стрелци во кипарското првенство со вкупно 8 голови.

 

- Оглас -

Најнови вести