Тричковски останува во АЕК Ларнака до 2024 година

АЕК Ларнака и Иван Тричковски го официјализираа продолжувањето на договорот до летото 2024 година. Македонскиот фудбалер, кој е капитен на тимот, од јануари 2016 година е член на АЕК и ако го одработи договорот до крај, неговиот престој во клубот ќе трае цели осум сезони.

Тричковски со 119 гола е прв стрелец во клупската историја, а со 20 гола е рекордер во кипарскиот фудбал според број отна голови во европските купови.

„Немавме формални преговори, само отворена и искрена дискусија околу сегашноста и иднината. Лесно се договоривме. Полн сум со мотивација и гладен за титули и успеси. Ќе продолжам да давам 101 процент од моите сили за тимот“, рече Тричковски.

Од АЕК подготвија и видео со десетте најубави голови на Тричко во дресот на клубот. Видеото може да го видите ТУКА.

- Оглас -

Најнови вести