Тричковски стандардно почна со гол на Кипар, голманот Шишковски блесна со асистенција (Видео)

Иван Тричковски во негов стил и стандардно почна со гол во кипарското првенство, а „македонското дерби“ во Ларнака меѓу АЕК и Докса заврши нерешено 1:1.

Уште повпечатлив момент на мечот беше асистенцијата на Дамјан Шишковски, голманот на репрезентацијата на Македонија во 48. минута од мечот.

Шишковски успеа да го пронајде финскиот репрезентативец Садик, кој израмни на 1:1.

Претходно, најдобриот стрелец во клупската историја на АЕК Ларнака, Тричковски погоди за 1:0 во 26. минута и најави нова успешна сезона во кипарското првенство.

Гостите, екипата на Докса за која играше и Душко Трајчевски го заврши мечот со девет играчи по исклучувањата на Балде и Меска, но сепак успеа да освои вреден бод во Ларнака.

За АЕК не настапи Стефан Спировски, кој беше на клупата за резерви.

 

- Оглас -

Најнови вести