Тричковски: Сите треба да бидеме горди

Иван Тричковски беше играчот кој ја затресе мрежата на Холандија, но неговиот погодок беше поништен поради офсајд. Напаѓачот вели дека и покрај трите порази на Македонија, сите треба да бидат горди на оваа фудбалска репрезентација.

„Ова е едно посебно искуство за сите нас. Кога сè ќе земеме во една целина, мислам дека треба да бидеме сите горди и задоволни на сè што направивме досега. Јас лично сум многу горд на сите нив што ми овозможија на оваа возраст да го доживеам овој сон што го имав како дете. Имавме свои моменти, свои шанси. Да беше признаен голот, за многу малку беше офсајд, можеби ќе беше поинаков мечот, но тоа е тоа. Горди сме и гледаме напред“, рече Тричковски веднаш по мечот со Холандија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести