Тригодишна доминација на „уругвајските глави“ во Шпанија

Валенсија го победи Еибар со 1-0, и ова е прв триумф на Лилјаците над малиот баскиски клуб од април 2016 наваму. Иако три и пол години и не делуваат премногу, Валенсија и Еибар во овој период одиграа шест меѓусебни дуели, и или беше нерешено, или победуваше Еибар. Овој тим е и последниот кој славел на гостување на „Месталја“.

Голот за Валенсија беше дело на Макси Гомес кој погоди со глава. Во последните три сезони во шпанската Примера, најмногу голови со глава имаат дадено Макси Гомес и Кристијан Стуани, по 16. Двајцата се Уругвајци.

Валенсија дава гол на 17 лигашки мечеви по ред, и ова е најдолга низа на „Ел Че“ од онаа серија од 26 меча по ред со барем еден гол, која ја имаа во 2013 година.

- Оглас -

Најнови вести