Трикратниот европски првак на 37 години првпат заигра во Премиер лига и веднаш стана херој (Видео)

Кејлор Навас реши дека веќе нема да биде резерва во Пари Сен Жермен, па на 37 години направи трансфер во Нотингам форест и за првпат заигра во Премиер лигата. Искусниот голман, кој има три титули во Лигата на шампиони со Реал Мадрид, уште во првиот меч за новиот клуб покажа дека е вистинско засилување.

Репрезентативниот чувар на мрежата на Костарика беше на голот на Нотингам форест на мечот против Лидс и се покажа како вистински херој. Лидс имаше доминација на теренот, дури 70 отсто посед на топка, повеќе шутеви кон голот, повеќе изведени корнери, повеќе создадени шанси, но на крајот Нотингам форест победи со 1:0.

Навас имаше четири одбрани, и тоа сите беа удари внатре во шеснаесетникот, а по мечот беше прогласен за најдобар на теренот со оценка 7,7.

- Оглас -

Најнови вести