Тринаесетката на Спортска прогноза побегна за влакно – Горан погоди 11 натпревари, Калчото му приреди две изненадувања

Во 13-тото коло на Спортска прогноза и последно на клупски план пред стартот на Мундијалот во Катар, еден натпреварувач имаше сериозни шанси за да погоди комплетна Тринаесетка, но кобни беа два дуели во Серија А во Италија.

Горан Н. одигра извонредно и погоди 11 натпревари, но не успеа точно да ги предвиди конечните исходи на два дуели од Калчото.

Ја промаши двојката на Сампдорија – Лече, каде што има типувано единица и триумфот на Болоња против Сасуоло, а тука чекаше реми.

Сепак, и за две утки има награда за победникот во ова коло и Горан Н. ќе добие ваучер од Sport Life во вредност од 500 денари.

Се вжештува и битката во Генералниот пласман, а лидерот Зоран Т. води со 92 поени и е најблиску прв да ја пробие границата од 100 поени.

Во топ-10 разликата е само 7 поени од првиот до десеттиот, што најавува битка до последен здив за вредните подароци, кои Sport Life и Спорт Манија ќе ги доделат по завршување на петтата сезона на бесплатната игра.

 

- Оглас -

Најнови вести