Трио фантастико – Роналдо, Меси и Ван Дајк во најтесниот избор на УЕФА за фудбалер на годината

Вирџил Ван Дајк ќе им конкурира на великаните на светскиот фудбал, Кристијано Роналдо и Лионел Меси во изборот на УЕФА за најдобар фудбалер на годината.

И според многумина Холанѓанецот од Ливерпул има најголеми шанси да го одбие признанието, по освоената шампионска круна во ЛШ и по вчерашниот триумф над Челзи во Суперкупот на Европа.

Роналдо и Меси доминираат во сите кожни избори за МВП во последната деценија, но сега најблиску до признанието е Ван Дајк.

Кој ќе биде најдобар фудбалер во изборот на УЕФА ќе се знае на 29. август, кога ќе има и ждрепка за составот на групите во Лигата на шампионите.

- Оглас -

Најнови вести