Триото тинејџери што претепаа соиграч суспендирани од Бордо

Тројца играчи на младинската Академија на Бордо се суспендирани, откако крвнички претепаа соиграч, по поразот од Нант на меч за фудбалери до 17 години.

Сите инволвирани во големиот инцидент се на возраст од 16 години, а „закачката“ почнала уште на терен со вербални закани на триото фудбалери насочени кон својот соиграч.

Потоа следел и физички напад, па жртвата завршила во болница со сериозни повреди, а насилниците биле приведени од полицијата.

Веднаш се суспендирани од клубот, а момчето што беше нападнато е пуштено од болница и ќе паузира во следните две недели поради повредите.

Во Бордо најавија остри казни за напаѓачите, а можно е тројцата тепачи да бидат избркани од Академијата.

 

- Оглас -

Најнови вести