Трите четвртфиналиња се закон, се чека на дрим-тимот да се приклучат Шпанија и Португалија

Мундијалот во Катар ќе биде еден од најдобрите со завршницата и мечевите меѓу осумте најдобри селекции на светот, а четвртфиналните двојки се закон.

Засега ги има три, а само поглед на паровите и веднаш е јасно дека ќе гледаме спектакуларна завршница.

Дербито е меѓу актуелниот светски првак Франција и амбициозната Англија, која исто така има титула, но од далечната 1966 година.

Вечно втората на Мундијалите, Холандија ќе игра против двојниот светски првак Аргентина, а ова ќе биде меч за потсетување наголемото финале во 1978 година, кога Гаучосите на свој терен ги победија Лалињата и ја освоија светската круна.

Најголемиот фаворит, Бразил, кој е и најтрофеен на сите времиња со пет пехари ќе игра со актуелниот светски вицешампион Хрватска, а се чека уште разврската утре за последните двајца четвртфиналисти.

Шпанија е фаворит со Мароко од 16 часот, како и Португалија против Швајцарија од 20 часот, па се очекува пиринејско дерби за полуфинале, иако ниту двата аутсајдери не смеат да се отпишат предвреме.

Засега е сигурно дека во петок ќе играат Холандија и Аргентина и Бразил против Хрватска, а следниот ден, во сабота на мегдан ќе излезат Англија и Франција и победниците од утрешните осминафиналиња меѓу Шпанија и Мароко и Португалија со Швајцарија.

 

 

- Оглас -

Најнови вести