Трите тима со кои играше Македонија одат во осминафинале, Украинците имаат многу среќа

Победата на Шпанија над Словачка и на Шведска против Полска значеа дека Украина со трите бода освоени на дуелот со Македонија ќе биде еден од најдобрите четири третопласирани во шесте групи и ќе игра во осминафиналето. Украина првпат во својата историја успеа да ја мине групната фаза.

Украинците имаа многу среќа, а 99% е сигурно дека во осминафиналето ќе имаат не толку моќен противник. Екипата на селекторот Андриј Шевченко најверојатно ќе се сретне во Глазгов со Шведска, која изненадувачки го освои првото место во групата во која фаворит беше Шпанија.

Теоретски, можно е Украина да игра и со Франција, но за тоа да се случи, потребни се нереални резултати вечерва, а тоа е Франција со четири разлика да ја добие Португалија и притоа Унгарија да не победи против Германија, или Германците да загубат со четири разлика, а да загуби и Португалија.

- Оглас -

Најнови вести