Триумф за Довициозо во хаотичната трка на „Ред бул ринг“

Андреа Довициозо триумфираше во трката за Големата награда на Австрија. Довициозо по 15-ти пат во кариерата запиша победа во кралската класа искористувајќи го хаосот кој се случуваше на патеката „Ред бул ринг“.

На половина од трката се случи тешка незгода меѓу Морбидели и Зарко, а возачите на Јамаха Вињалес и Роси имаа доста среќа и избегнаа голема трагедија. Откако продолжи трката, возачот на КТМ Ред бул ПОл Еспаргаро, кој стартуваше од пол-позицијата исто така ја заврши трката пред време, а Алекс Ринс излета од патеката набрзо по преземањето на првото место.

Зад Довициозо завршија Жоан Мир и Џек Милер, топ 5 местата ги комплетираа Биндер и Валентино Роси.

- Оглас -

Најнови вести